
Премама Дуо е додаток во исхраната наменет за сите Вас кои планирате бременост, кои сте бремени и за Вас кои веќе го завршивте патувањето низ бременоста и уживате во прекрасните моменти поминати со новиот член на Вашето семејство.
Премама Дуо претставува мултикомпонентен производ, кој се состои од витамини, минерали и од омега 3 масни киселини. Неговиот состав е внимателно формулиран следејќи ги најновите европски упатства за антенатална грижа и препораките за потребни хранливи материи при бременост и при доење.
Секое пакување Премама Дуо содржи 30 таблети и 30 капсули. Таблетите се состојат од 11 витамини и 10 минерали, есенцијални за Вас, а капсулите содржат омега 3 масни киселини, при што докосахексаеноичната киселина (DHA) е особено значајна за периодите на бременост и на доење.

Премама Дуо сoдржи 100 % Quatrefolic ®, активна фолна киселина – 5-метилтетрахидрофолат (5-MTHF) – со доза од 400 mcg во една таблета!
Препорачуваме 1 таблета и 1 капсула Премама Дуо дневно, да се испијат со малку течност, најдобро по оброк. Таблетата и капсулата може да се земат заедно или одделно, онака како што Вам Ви одговара најмногу.
За повеќе информации, посетете го делот Информации за производот.