Премама Дуо

Знае што ѝ е потребно на идната мајка!

Премама Дуо – пред зачнување, во тек на бременост и во тек на доење

...

11

Витамини

10

Минерали

омега 3

...

Главни состојки на Премама Дуо и нивна важност  

Фолна киселина

Фолната киселина е особена важна за жените кои планираат бременост и за бремените жени, со оглед на тоа што ниските нивоа на фолна киселина се сериозен фактор на ризик за развој на оштетувања на невралната туба на фетусот. Невралната туба го формира мозокот на бебето и ’рбетниот мозок, што е од особена важност за целиот нервен систем.

Се препорачува да се зема 400 mсg фолна киселина пред зачнување и во текот на првите 12 недели од бременоста.

Премама Дуо сoдржи 100% Quatrefolic ®, активна фолна киселина – 5-метилтетрахидрофолат (5-MTHF) – со доза од 400 mcg во една таблета!

Повеќе ...

Витамин Д

 

Витаминот Д придонесува за нормална апсорпција на калциумот и на фосфорот во телото и, исто така, го одржува потребното ниво на калциум во крвта, важно за здрави заби и коски.

Се препорачува бремените жени да внесуваат 10 mcg витамин Д дневно за да одржат соодветни нивоа на витамин Д во текот на бременоста и на доењето, што е важно како за мајката така и за бебето. Ова е особено важно за жените кои не излегуваат многу и подолго време поминуваат во затворен простор.

Повеќе ...

Јод

Јодот помага при создавање на хормоните на тироидната жлезда и го поддржува нејзиното функционирање.

Важен е за развој на здрав мозок и нервен систем во текот на гестацискиот период и во раниот период од животот на новороденчето.

Потребите за јод се зголемуваат во текот на бременоста и на доењето. Поради тоа, важно е бремените жени и доилките да внесуваат јод во соодветни количини, што лесно се врши преку земање додатоци во исхраната како Премама Дуо.

Повеќе ...
...

Железо

Железото придонесува за формирање на црвените крвни клетки и е битно за транспортот на кислородот во телото, а помага и за одржување нормален метаболизам, како и за намалување на заморот и на исцрпеноста.

Надоместувањето на железото е корисно за заштита од анемија, која е вообичаена за бремените жени.

Повеќе ...

Витамин Ц

Витаминот Ц е важен за нормално функционирање на имунолошкиот систем и придонесува за апсорпција на железото во телото. Тој помага за намалување на симптомите на замор и на исцрпеност, кои жените обично ги чувствуваат во текот на бременоста или на доењето.

Повеќе ...

DHA (Докосахексаеноична киселина

DHA е многу важна состојка на Премама Дуо бидејќи научно е докажано дека количината од 200 mg докосахексаеноична киселина што мајката ја прима дневно придонесува за нормален развој на мозокот и на очите на фетусот и на доенчето.

За да внесат доволни количини DHA, се советува бремените жени и доилките да консумираат помрсна риба, како лосос, пастрмка, сардина или скуша, или едноставно оваа состојка во доволни количини да ја внесат преку додаток во исхраната, како Премама Дуо.

Повеќе ...

ПреМама Дуо е со вас од планирањето на бременоста до доењето:

...

Активнната фолна киселина придонесува за раст на мајчиното ткиво за време на бременоста.

...

Железото, како една од главните компоненти во производот ПреМама Дуо, помага за одржување нормална функција на метаболизмот и за создавање енергија за да се намалат заморот и исцрпеноста.

 

...

Витаминот Д помага за одржување здрави заби и коски и кај мајката и кај детето.

...

Јодот придонесува за нормална когнитивна функција, па затоа секојдневното планирање и приоритизирање, флексибилноста апстрактното мислење, решавањето проблеми, носењето одлуки, работната меморија, контролата врз емоциите и многуте други активности се уредно одржани.

...

Внесувањето DHA (докозахексаенска киселина) придонесува за нормален равој на видот, како и за нормален развој на мозокот на фетусот и на доенчето.

...

Витаминот Ц придонесува за нормално создавање колаген, кој е важен за одржување на еластичноста и на цврстината на кожата, за да се чувствувате убаво секој ден.

Зошто ПреМама Дуо?

За да ви помогнеме и за успешно да ве водиме на вашето ново патување, препорачуваме додаток во исхраната кој ќе ги задоволи прехранбените потреби на жената за време на:

  • планирањето бременост
  • бременоста
  • доењето.

Овој производ за трудници содржи активна фолна киселина, витамини, минерали и масни киселини омега 3 (DHA и EPA), кои се распоредени во таблети и во капсули. Секоја таблета содржи  11 витамини, меѓу кои активна фолна киселина (400 микрограми) и 10 минерали, а капсулите содржат масни киселини омега 3. Една таблета и една капсула ПреМама Дуо можат да ги задоволат вашите дневни потреби од витамини и минерали.

ПреМама Дуо е додаток во исхраната посебно формулиран за жени кои планираат бременост, кои се веќе бремени или кои дојат.

Планирајте ја бременоста и проверете го своето патување низ неа со помош на следните алатки:

Калкулатор за овулација

Пресметај

Календар за бременост

Пресметај

ЗА „АЛКАЛОИД“ АД СКОПЈЕ

„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум и пол децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи, како и на преработката на билни суровини. Денес извезува во повеќе од 40 земји.

Во изминатите 15 години „Алкалоид“ континуирано вложуваше во своите производствени капацитети и погони, во лабораториите за истражување и развој, во напредна технологија и во постојана едукација на вработените, како и во најсовремени софтвери.

Денес фирмата „Алкалоид“ има 2.259 вработени во својата матична држава и 711 вработени во своите фирми во странство – ќерки и претставништва.

Континуираниот деловен успех и одржливиот развој на „Алкалоид“ се резултат на квалитетот на нашите производи и вработени. Без запирање вложуваме во остварувањето на нашиот сон за поздрав живот на секој поединец бидејќи сметаме дека ЗДРАВЈЕТО Е ПРЕД СЀ.

Погледнете корисни новости

Погледнете корисни новости