...

ИСПИТУВАЊЕ Д-ДИМЕРИ – ЗОШТО?

Доц д-р Весна Ливринова
Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство Медицински факултет Скопје

Во бременоста постои поизразена склоност на крвта да се згрутчува, т.н. хиперкоагулабилна состојба. Ова е една од т.н. физиолошки, природни промени во бременоста, кои го подготвуваат организмот за крвозагубата која настанува при породувањето.

Кај најголем дел од бремените жени не е потребно рутинско тестирање за коагулација (т.н. хемостаза). Нормално, протромбинското време и активираното парцијално тромбопластинско време обично се нормални или малку намалени (скратени). Д-димерите немаат висока сензитивност и специфичност за време на бременоста и се знак на веќе настанато згрутчување во организмот. Не го покажуваат местото од каде што потекнуваат.

Фибринските д-димери во најголем дел се производи на разложувањето на коагулумот (згрутчена крв во која има т.н. фибрин). Нормалното ниво д-димери во плазмата со тестирањето ЕЛИСА е < 500 ng/ml (мерна единица FEU) или < 250 ng/ml (мерна единица DDU). Зголемените концентрации на плазма д-димери укажуваат на неодамнешно или на тековно згрутчување во крвните садови и негово последователно разложување, т.н. фибринолиза.1

 
ПРОМЕНИ ЗА ВРЕМЕ НА БРЕМЕНОСТА2
 Небремена жена*Прв триместарВтор триместарТрет триместар
Д-димер (mcg / mL)0,22 до 0,740,05 до 0,950,32 до 1,290,13 до 1,7
АПТТ(секунди)26,3 до 39,423,0 до 38,922,9 до 38,122,6 до 35,0
Гестациска недела2.5th percentile
(90% CI)
долна граница
97.5th percentile
(90% CI)
горна граница
Прв триместар0.2(200)0.9(900)
Под < 15. гестациска недела(0.2-0.2)
(200)
(0.8-0.9)
(800-900)
Втор триместар
15-27. гестациска недела
0.2
(0.2-0.2)
1.5
(1.4-1.6)
Трет триместар
> 27. гестациска недела
0.4
(0.4-0.5)
2.8
(2.6-3.1)

Сензитивност на д-димери (чувствителност за откривање промена)

Лажно позитивни

Заболување на црниот дроб, висок реуматоиден фактор, воспаление, малигнитет, траума,

бременост, хируршки зафат, напредната возраст.

Лажно негативни

Ако се земе крв кратко по формирањето на тромбот и ако се одложи тестирањето неколку дена, да се примаат лекови против згрутчување.

 
ИНДИКАЦИИ (ПРИЧИНИ) ЗА ОДРЕДУВАЊЕ Д-ДИМЕРИ

Потребата за испитување хемостаза со д-димери се одредува врз основа на актуелната состојба во бременоста поврзана со:

1. податоци од личната анамнеза – состојби кои се присутни или кои се случиле претходно кај бремената жена, поврзани со тромбоза;

2. присуство на тромбоза во семејството – фамилијарна анамнеза и 

3. акушерска анамнеза – податоци од евентуалните претходни бремености.

Ова е почетниот елемент. Понатаму следува толкување на резултатот во зависност од актуелната состојба на бременоста и од гестациската недела. Се прави проценка на ризикот – низок, среден или висок ризик за венска тромбоза. Од друга страна, треба да има причина за следење хемостаза со д-димери и евентуална индикација за следење присуство на вродена тромбофилија.

Неакушерски причини (неповрзани со бременост)

Одредувањето д-димери е клинички употребливо кога постои сомнеж за: ДВТ (длабока венска тромбоза), ПЕ (белодробна емболија) и ДИК (дисеминирана интраваскуларна коагулација).

Д-димерите не се индицирани кај пациентки со умерен или со висок ризик за ДВТ и за ПЕ, каде што сама по себе е индицирана профилаксата, а се земаат само како контрола.

Д-димерите чија клиничка слика не е поврзана со ДВТ, ПЕ или ДИК не се индицирани.

Д-димерите се најкорисни кај пациентки со мала можност за ДВТ или за ПЕ, каде што негативниот резултат ја минимализира можноста за ДВТ или за ПЕ.3

Акушерски причини

1. Плацентарни езера – т.н. лакуни на ултразвучен преглед – поврзаност со исходот од бременоста и со патолошките наоди

Плацентарните езера се присутни во околу 2,2 % (92/4,106) од случаите. Не е забележана статистички значајна разлика во родилната тежина, гестациската старост при породувањето, неповолниот акушерски исход и во макроскопските или микроскопските промени меѓу контролната и испитуваната група.

ЗАКЛУЧОК: податоците од студиите не укажуваат на зголемување на ризикот за неповолен исход од бременоста во случаи каде што се појавуваат само плацентарни езера4

2. Дали има плацентарни езера со клиничко значење?

Кај 1.198 последователни ултразвучни прегледи во второто тримесечие плацентарните езера се детектирани кај 17,8 % од ултразвучните прегледи.

Откривањето на плацентарните езера е шестпати поверојатно со дебела плацента, ако е со дебелина поголема од 3 см во 20. недела од гестацијата и ако зафаќаат повеќе од 30 % од површината на постелката. Поврзано е со утероплацентарни компликации или со неповолен исход од бременоста. Лезиите се почести со зголемувањето на дебелината на плацентата.5

Превенција од компликации во бременоста

Превенција (спречување) компликации, како на пример прееклампсија, ограничување на растот на фетусот (застој во растот), предвремено одлепување на постелката (абрупција). Повеќето достапни докази не ја поддржуваат асоцијацијата (поврзаноста) меѓу наследената тромбофилија и компликациите. Профилактичното давање антикоагулантна терапија за да се спречи прееклампсијата, губењето на бременоста, ограничувањето на растот на фетусот или абрупцијата кај жени со наследни тромбофилии е индицирано кај високоризични тромбофилии. Една од најчестите тромбофилии, MTHFR, се спречува со суплементација со фолна киселина, која ја има во препаратот PreМama Duo.

ЗАКЛУЧОК И ПРЕПОРАКИ

1.     Пациентките со наследна тромбофилија се изложени на поголем ризик од тромбоемболични компликации за време на бременоста, поради промените поврзани со бременоста кај неколку фактори на коагулација, кои физиолошки се присутни во бременоста.

2.     Ризикот од тромбоемболизам е поголем кај пациентките кои имаат лична историја и/или потврдена семејна историја со тромбоемболични настани.

3.     Повеќето големи студии не укажуваат на постојана поврзаност меѓу наследената тромбофилија и неповолните исходи од бременоста кај популациите со низок ризик.

4.     Се советува да не се прават рутински испитувања за наследна тромбофилија кај жени со историја на повторливи или на нерекурентни загуби на фетусот, абрупција, ограничување на интраутеринскиот раст или со прееклампсија. Постојат докази дека администрацијата на антикоагулантни лекови не го подобрува резултатот од бременоста кај заболените пациенти.

5.     Се препорачува да не се дава профилактичка, антикоагулантна терапија за време на бременоста за спречување компликации поврзани со плацентарните промени, доколку е плодот со нормален раст и развој, со уредни фетоплацентарни протоци и со нормална количина околуплодова вода. 

Поврзани корисни новости

Види повеќе